Ecstasy 1933: Првиот женски оргазам во историјата на филмското платно

Точка

20/03/2017

11:49

3436

Големина на фонт

а а а

"Непристојно и морално опасно", "несоодветно, неморално и казниво", "премногу храбро" .. - Не, ова не се рецензиите на филмот "50 нијанси потемно" туку коментарите кои во далечната 1933-та година го поздравија филмот "Ecstasy" ..


Филмот за кој светската кинематографија се согласи дека ја содржи првата сцена на женски оргазам која била снимена некогаш на филм, а со оваа сцена се прослави и актерката Hedy Lamarr.



Критичарите се согласуваат дека ова е и еден од најпрогресивните филмови воопшто, а споменатата сцена се смета дека е особено значајна. Ecstasy инаку е чешки филм од 1933-та година (кога американските филмови се уште не беа подготвени за вакви сцени) во кој се појавува легендарната актерка и иноваторка Хеди Лемар, на која оваа улога и била прва од големите улоги. Повеќето гледачи ќе се сетат на актерката од нејзината улога на Далила од "Самсон и Далила."




Приказната на филмот зборува за млада жена која го остава својот импотентен сопруг и се впушта во страстна романса со еден млад инженер. Нивната романтична врска доведе до она што се смета за прва вистинска секс-сцена во историјата на филмот, пишуваат Vulture.


Иако секс-сцената со оргазам воопшто не прикажува голотија, сексуалната енергија е присутна низ целиот филм. Сцената на оргазмот не била единствената која го шокирала филмскиот свет во тие години. Во тоа време и пливањето без костум за капење било поприлично скандалозно. O tempora, o mores, a eве каде сме денес..






Спонозорирани линкови

Маркетинг