Демонстранти фрлале молотови коктели врз полицијата во Париз

Точка

20/03/2017

11:25

500

Големина на фонт

а а а

Повеќе од 700 луѓе протестираа низ Париз против насилството на полицијата..


Протестот бил организиран на иницијатива на анти-расистичките групи, организации на активистите за човекови права и синдикатите. Меѓутоа, на протестите за кратко време избиле конфликти помеѓу демонстрантите и полицијата.




Демонстрантите фрлале молотови коктели и полесно повредиле двајца полицајци. Помеѓу демонстрантите имало и многу студенти. Полицијата на молотовите коктели одговорила со солзавец. 26 демонстранти се уапсени.



До инцидентите дошло на крајот од колоната, а насилните демонстранти носеле маски и темни очила, мафтале со анархистички знамиња и повремено фрлале димни бомби, додека остатокот од протестот поминал претежно мирно, пренесува Local.fr.

"Нема правда, нема мир"

Полицијата соопшти дека помеѓу 7.000 и 7.500 луѓе се приклучиле на маршот кон Плоштадот на Републиката во центарот на Париз, каде демонстрантите извикувале: "Нема правда, нема мир", "Правдата и достоинството ќе ја спречи полициската злоупотреба", и "Под итни мерки, полицијата убива неказнето" - пренесува AFP.


"Сакаме да се воспостави правда", изјавила една од организаторите Амал Бентоунси. Нејзиниот брат бил застрелан во грб од полицаец, кој за казна добил само пет години суспензија.


"Убиецот на мојот брат помина со полесна казна, но има многу други семејства кои се жртви на слични случаи и чиишто убијци поминувата неказнето", изјавила таа.

Фатиха Боурас, мајка на една од жртвите изјавила дека има премногу полициски убиства кои едноставно мораат да престанат!


"Убиваат Арапи и црнци", додала.

Некои од протестантите носеле и транспаренти со фотографиите на 13 лица кои биле жртви на полициската бруталност.





Спонозорирани линкови

Маркетинг