Новинарката Кристина го надиграла Трамп: Го прашала нешто што никој не смеел

Точка

20/03/2017

18:21

9.574

Големина на фонт

а а а

Истакнала дека новинарите не поставуваат прашања затоа што сакаат некого да предизвикаат, туку затоа што сакаат нешто да дознаат.

Германската новинарка Кристина Дунз, добила пофалби од своите колеги поради тоа што успеала на претседателот Доналд Трамп да му постави прашања кои тој во нормални околности успева да ги избегне.

Новинарката на германската новинска агенција "DPA", добила позитивни коментари затоа што Трамп го прашала "зошто толку се плаши од медиумите", во текот на конференцијата за новинари, кога во посета му била германската канцеларка Ангела Меркел.


"Зошто сте толку исплашени од различните вести, а во медиумите често велите дека се изнесуваат лажни вести? Таквите работи на крајот не можете да ги докажете, како и тоа дека Обама ве прислушувал", прашала новинарката.

Доналд Трамп го игнорирал ова прашање, па наместо тоа, одговорил за надворешната трговија.

Кристина Дунз ги отфрлила пофалбите, и рекла дека го прашала тоа што нејзините американски колеги не можеле.


"Тој не остава простор за критика на новинарите и тоа е тоа што природно привлекува внимание. "CNN", "Washington Post", "New York Times" и другите повеќе немаат право да поставуваат прашања. Господин Трамп е безбеден и бира новинари за кои знае дека нема да бидат критични кон него. Нашите американски колеги се потпираат на нас да поставуваме вакви прашања", рекла таа.

Истакнала дека новинарите не поставуваат прашања за да предизвикаат некого, туку за дознаат нешто, пренесува Independent.


Додала дека добила совет од американските колеги да го постави прашањето на германски, бидејќи Трамп така ќе почекал целосен превод и би немал шанса да го прекине нејзиното прашање.

"Морам да кажам дека во САД има многу добри новинари, кои сега му се огорчени на Трамп. Оние кои сакаат да го разбијат критичкото новинарство не ја сфаќаат улогата која медиумите ја имаат во демократијата", рекла таа.

Трамп имал многу тежок однос со новинарите по изборите и дури и некои новинарски организации обвинил дека шират лажни вести.



Спонзорирани линкови

Маркетинг