Хаос во Белата куќа направила оваа фатална Русинка

Точка

20/03/2017

10:22

1.246

Големина на фонт

а а а

Поранешниот американски државен советник за национална безбедност, Мајкл Флин, сокрил од Пентагон дека во 2014-тата година во Велика Британија се состанувал со студентка, која имала руско-британско државјанство, пишува "Wall Street Journal".

Станува збор за студентката Светлана Лоховој, која ја проучувала историјата на руските специјални служби и едно време работела во филијала на "Сбербанк" во Лондон. Флин се состанувал со неа на семинарот за безбедност во февруари 2014-тата година.


Во тоа време тој бил директор на Разузнавачката управа на Министерството за одбрана на САД.


Како што се наведува, Флин требало да ја извести својата команда за состанокот со претставничката на "една непријателска држава, како што е Русија".

Портпаролот на Флин, Прајс Флојд, потврдил дека состанокот бил одржан, но навел дека бил случаен и дека за време на истиот не се случило ништо лошо. Пријателот на Светлана Лохова, Дејвид Норт, изјавил дека Русинката разговарала со Флин само еднаш и тоа на семинар. Според неговите зборови, тие разговарале 20 минути во присуство на две лица.


Обвиненијата на сметка на поранешниот советник за национална безбедност на САД, Мајкл Флин, за контактот со руската студентка, за кои не бил известен Пентагон, рускиот сенатор Алексеј Пушков ги нарекол нов степен на параноја.

"Во САД, Флин, кој поднел оставка, го обвинуваат за контакт со државјанка на Русија. Тој со неа разговарал за некој прием. Нов степен на параноја", напишал Пушков на својот блог на Твитер.


По само четири дена на должност, советникот на Доналд Трамп за национална безбедност Флин, поднел оставка откако медиумите ги откриле неговите "контакти со Русија додека на власт бил Обама".

Во писмото со оставката, Флин признал дека "неодговорно пропуштил да го извести потпретседателот Пенс за телефонските разговори со рускиот амбасадор".


Лохова инаку била отпуштена од "Сбербанк" откако доживеала нервен удар, но добила отштета откако ја тужела банката за неправедно отпуштање.


Спонозорирани линкови

Маркетинг