Од почетокот на годината Грците повлекле 4 милијарди евра од банките

Денар

20/03/2017

10:18

307

Големина на фонт

а а а

Грците повлекле околу 4 милијарди евра од своите сметки во банките од почетокот на 2017-та година, пишува грчкиот весник „Катимерини“. Податоците покажуваат дека на крајот на 2016-та година износот на депозити на домаќинствата, бизнисот и јавниот сектор е во износ од 132 милијарди евра.

Кон средината на март тој веќе е 128 милијарди евра.

Новиот бран на повлекувања од банките се поврзува најмногу со недостатокот на договор за вториот преглед на спасувачката програма за земјата, додава весникот. Грчките медиуми јавуваат дека Атина и кредиторите се уште не успеваат да ги надминат своите спорови во три клучни области – социјалната сфера, пазарот на трудот и енергетиката.

Стравувањата дека ќор-сокакот во преговорите повторно ќе ја доведе грчката економија до колапс, ги тера луѓето да ги повлекуваат парите од банките. Ова се случува во момент кога Грците полека ја враќаа довербата во банкарскиот систем.

Банкарските аналитичари коментираат дека сега речиси сите средства кои беа вратени во банките во 2016-та година, повторно ќе се повлечат. Банкарскиот сектор во Грција се уште е под строга контрола и Грците имаат право на ограничен пристап до депозитите. Тоа сепак не се однесува до „новопривлечените средства“, односно внесени во системот по банкарскиот одмор од 2015-та година. Значи Грците лесно можат да ги повлечат повторно.

Ако истекот на средства продолжи, банките во Грција ќе имаат потреба од зголемување на ликвидна поддршка, која ја покажува централната банка за секторот, дополнуваат уште аналитичарите.

Износот на депозитите во грчките банки почна да расте во мај 2016-та година. До крајот на минатата година сумите ритмички растеа. Минатата година домаќинствата и бизнисите внесоа 4,2 милијарди евра во банките, а државниот сектор од 1,4 милијарди евра.


Спонозорирани линкови

Маркетинг