Белата куќа се обидела да ја објасни скандалозната постапка на Трамп: Интернетот се забавува со една фотографија од Меркел и Иванка

Точка

20/03/2017

09:31

4.265

Големина на фонт

а а а

Портпаролот на Доналд Трамп вчера ги отфрлил тврдењата според кои американскиот претседател наводно одбил да се ракува со Ангела Меркел пред камерите во петокот, во текот на нивната средба во Вашингтон.

"Мислам дека не го слушна прашањето на германската канцеларка кога му предложила уште еднаш да се ракуваат на молба на фотографот", рекол Шон Спајсер за Spiegel.


Меркел и Трамп седеле блиску еден до друг на фотелјите во Овалната соба во Белата куќа.




Фактот дека американскиот претседател или не го слушнал, или го игнорирал нејзиниот предлог за уште едно ракување, зборува за општата атмосфера на разговорите, оценуваат германските медиуми, бидејќи, како што пишуваат, јасно е дека Трамп и Меркел не се согласиле ни околу имиграцијата, ни трговијата, ниту за воените издвојувања на НАТО.




Весникот Bild вчера пишувал дека не е веројатно Трамп да не ја слушнал канцеларката, бидејќи таа седела веднаш до него, и потсетува дека додека траела целата таа сцена, тој не и пратил ниеден поглед.




Средбата Меркел-Трамп ќе остане запаметена и по фотографиите од Ангела Меркел и ќерката на Трамп, Иванка, која, иако нема формална функција во администрацијата на Белата куќа, се смета за најблиска советничка на американскиот претседател, па така се појавила на состанокот со германската канцеларка.

Интернетот бил полн со реакции на погледот кој Меркел и го пратила на Иванка Трамп...


Спонозорирани линкови

Маркетинг