Реакцијата на Алексис по големата грешка на Оспина

Дерби

18/03/2017

19:00

4983

Големина на фонт

а а а

Давид Оспина не беше прва опција на денешниот меч со Вест Бромвич Албион, но сепак доби шанса за настап откако мораше да го замени Петр Чех кој се повреди во првото полувреме.

Колумбискиот голман брани под голем притисок во последно време со оглед на тоа што прими дури десет гола во двете пресметки со Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а дека комплетно е несигурен во овој момент ни демонстрираше денеска кога кумуваше за вториот гол на ВБА за 2:1.

Оспина со лоша проценка му ја намести топката на Робсон Кану кој немаше проблем да ја смести топката во голот, а тоа комплетно го разочара Алексис Санчез кој со својата реакција најдобро опиша што мисли за потегот на својот соиграч и ситуација во која се наоѓа тимот.

Арсенал до крајот прими уште еден гол од Досон и на тој начин оствари негативен клупски рекорд под водство на Арсен Венгер, бележејќи го четвртиот пораз на последните пет натпревари во Премиер лигата.




Спонозорирани линкови

Маркетинг