Дали Западот ни праќа храна со лош квалитет? Дошол одговорот на прашањето кое ги мачи сите, од Чешка до Балканот

Точка

18/03/2017

16:11

7.986

Големина на фонт

а а а

Заштитниците на потрошувачите сметаат дека концерните на потрошувачите од истокот им испорачуваат помалку квалитетни прехранбени производи.

Австриските произведувачи на намирници ги негираат обвиненијата од источните соседи дека им продаваат производи послаб квалитет.


Унгарската установа за безбедност на производите "Небих", критикувала повеќе производители од Австрија, дека продаваат производи со полош квалитет во таа земја.

Исто така, министерот за земјоделие на Чешка, Маријан Јуречка, во едно интервју ги обвинил произведувачите од Западот дека помалку квалитетните прехранбени производи ги продаваат во источните земји, пренесува Telegraf.rs.

"Граѓаните се бунат затоа што странските производи се со полош квалитет, а воедно и поскапи отколку во Австрија или Германија, иако кај нас куповната моќ е послаба", пренел дневникот Млада Фронт Днес.


Заштитниците на потрошувачите сметаат дека концерните на потрошувачите на истокот им испорачуваат помалку квалитетни прехранбени производи.

Во Австрија со чудење ги следат овие критики, и ги отфрлаат истражувањата од источноевропските земји. Оскар Вавшинек од Здружението на прехранбената индустрија, истакнува дека таквите истражувања се несериозни. Тој порачува дека кај маркираните производи постојат јасни рецепти кои се почитуваат за сите производи кои излегуваат од тие фабрики.

"Кога станува збор за "Манер", тогаш секогаш ист производ е во продажба", нагласува Вавшинек.

Меѓутоа, постојат разлики, односно прилагодувања за регионалните пазари.


Така "Нутела" во Франција е потечна отколку во Германија, за да се прилагоди на белиот леб кој се користи почесто, но, како што истакнува Вавшинек, тоа нема врска со квалитетот.

"Потребно е да се погоди вкусот на пазарот", навел тој, додавајќи дека сите се придржуваат до концептот за "еден рецепт".

Чешкиот министер Јуречка, меѓутоа, се сомнева во тие приказни на големите концерни, и има намера на ниво на ЕУ да се бори против полошиот третман на источните земји од страна на произведувачите на прехранбените производи.

Вавшинек смеа дека зад отворањето на таквата дискусија се крие намерата потрошувачите да се наведат на користење на регионални производи.


Меѓутоа, и на Балканот некои производи не може да се мерат со оние исти марки, кои се продаваат во Австрија или Германија.

Така панираните пилешки шницли, или пак панираната риба на познатите произведувачи, немаат ист вкус, туку изгледа дека се користи помалку квалитетно месо.

И во минатото на Балканот секогаш можело да се слушне дека на пазарот може да се најде само помалку квалитетна роба од Западот, а и граѓаните по враќањето од Австрија и Германија купените производи ги носеле дома, не само затоа што се поевтини, туку и поквалитетни, пишува Telegraf.rs.


Спонозорирани линкови

Маркетинг