Хотелот на иднината е тука: Во пловечката капсула со само една соба удобно се сместуваат 4 лица!

Точка

18/03/2017

14:18

7.457

Големина на фонт

а а а

Има сè што имаат и „нормалните“ хотели – кревети, туш тоалет...

Во светот постојат многу необични хотели – во некои со задоволство би отседнале, во некои не баш. За овој сè уште не сме се одлучиле. Станува збор за капсула која плови во море.


Хотелот Мизуками се појавил во Јапонија, а неговиот дизајн го инспирирал тематскиот парк Хуис Тен Бош во Нагасаки, кој пак, е инспириран од Холандија.

Мизуками има сè што имаат и „нормалните“ хотели – кревети, туш тоалет... Но, има само една соба од 36 квадратни метри, во која можат да се сместат четири лица.

Хотелот плови по море до островот кој неговиот сопственик неодамна го купил и на него гради одмаралиште. Според пишувањето на локалните медиуми, Јапонците се плашат дека случајно би можеле да испловат до Северна Кореја.



Спонозорирани линкови

Маркетинг