Признание за репрезентативецот: Талески најдобар лев бек во групите Ц и Д во ЛШ

Дерби

18/03/2017

12:23

1.657

Големина на фонт

а а а

Македонскиот репрезентативец Филип Талески доби уште едно одлично признание од Европската ракометна федерација (ЕХФ), односно од новинарите беше избран во идеалната седумка за групите Ц и Д во Лигата на шампионите.

Талески пред да летне за Германија и потпише за Рајн Некар Левен постигна 41 погодок за Металург во елитното друштво, а тие негови партиите беа сосема доволни и убедливи да го привлече вниманието на јавноста, на клубовите, па и да си обезбеди трансфер надвор од нашата држава.

Со своите игри тој се најде во друштво на Сирил Думулин (Нант), Магнус Браминг (Холтесбро), Николас Клер (Нант), Јуре Доленец (Монпелје), Давид Балагер (Нант) и Лудовик Фабрегас (Монпелје) во најдобрата постава од групите Ц и Д.



Спонозорирани линкови

Маркетинг