Сето ова го возел последниот руски цар: Николај Втори имал повеќе од 20 автомобили и сите ги обожувал

Точка

18/03/2017

12:26

5.802

Големина на фонт

а а а

Последниот руски император, царот Николај Втори, бил страствен љубител на автомобили, па не е за чудење што го имал најголемиот возен парк од сите европски монарси.

Николај Втори во 1907 година ја основал Императорската гаража во која ги сместил своите автомобили.


Царот имал повеќе од 20 автомобили, дури 21 возач и буџет за гаражата кој во денешни пари би изнесувал околу 1.2 милиони долари годишно.


Интересно е тоа што првиот „паметен автомобил“ во царскиот двор го довел принцот Владимир Орлов во 1903 година. Николај Втори бил заинтригиран и посакал да ја вози „таа работа на керозин“.

Откако го повозел, веднаш ја повикал царицата да му се придружи. Две години подоцна набавиле и друг подобрен автомобил и така започнало се`.

Дел од царската колекција неодамна бил на изложбата „Првите мотори на Русија“, која привлекла големо внимание.



Спонзорирани линкови

Маркетинг