Дами, внимавајте! И науката потврдила дека овие мажи повеќе изневеруваат

Точка

18/03/2017

11:20

7802

Големина на фонт

а а а

Не е дека научниците ни открија топла вода, но навистина постои едноставен фактор на ризик кој им е заеднички на Бред Пит, Рајан Гослинг и останатите убавци од Холивуд.

Резултатите од најновата студија покажале дека е поголема веројатноста атрактивните луѓе да го изневеруваат партнерот.


Иако на прв поглед изгледа дека поубавите луѓе подобро поминуваат во животот, на пример, социоекономските истражувања покажуваат дека тие се подобро платени, психолошките студии велат дека се посреќни во животот, се чини дека не е се` толку розово како што изгледа.


Во текот на еден експеримент, жените ја проценувале атрактивноста на 238 мажи врз основа на нивните фотографии од средношколските алманаси. Потоа било проверувано каков е нивниот брачен статус (дали се во брак или се разведени) 30 години откако завршиле средно училиште.

И секако, резултатите покажале дека мажите кои биле оценети како атрактивни во повеќето случаи после 30-тата година биле разведени и дека нивните бракови траеле значително пократко од браковите на помалку привлечни мажи.

Потоа, психолозите го пренасочиле вниманието на Холивуд, анализирајќи ги листите на IMBD и Форбс на 100 најмоќни познати личности. Конечната листа на анализираните броела 130 светски ѕвезди.


Жените сега имале задача да ги оценат познатите мажи според истите критериуми. А, потоа психолозите провериле колку од нив се развеле и зошто. И резултатите го покажале истиот образец: колку мажот е попривлечен, поголема е веројатноста дека бракот и врската ќе им пропаднат.

Сосема е логично да се задржува погледот на убавите мажи и жени. Но, она што го заклучиле психолозите за време на оваа студија е дека атрактивните луѓе се посклони кон неверство.


Спонозорирани линкови

Маркетинг