Проблеми во рајот: Кејт Мидлтон бесна поради лумпувањето на принцот Вилијам во Швајцарија

Точка

18/03/2017

11:00

5.666

Големина на фонт

а а а

Британскиот принц Вилијам претходните денови ги полнел страните на тамошните весници со својот помин во Швајцарија, каде на одмор заминал без сопругата, војвотката Кејт Мидлтон, која според британските медиуми, воопшто не е задоволна од лумпувањето на својот сопруг во локалниот ски-центар, додека таа дома ги чувала децата.


Принцот Вилијам ја пропуштил церемонијата за Денот на Комонвелтот, за да ужива во Швајцарија со пријателите, со што предизвикал критики дека ја избегнува неговата кралска должност. Меѓутоа, тоа било нејзначајно во однос на незадоволството кое го предизвикал кај својата сопруга, открива Vanity Fair.



Според пишувањето на тој весник, Кејт поприлично се изнервирала читајќи ги текстовите и гледајќи ги фотографиите на својот сопруг како се забавува во ноќен клуб и пие коктели со 24-годишна манекенка од Австралија.


"Вилијам е тој кој одлучи да оди во Швајцарија, но не лажете се: Кејт е таа која ги носи пантолоните во таа врска, и моментално воопшто не е задоволна. Се надевала дека неговите денови за забава се далеку зад него, дека останале во минатото заедно со неговото детинесто однесување. Убеден сум дека неговото однесување го смета за понижувачко", рекол изворот за Vanity Fair



Спонзорирани линкови

Маркетинг