Скандал на средбата помеѓу Меркел и Трамп: Американскиот претседател одби да се ракува со германската канцеларка

Точка

18/03/2017

10:37

3.549

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп не и подаде рака на германската канцеларка Ангела Меркел за време на фотографирањето, после нивниот краток разговор.

Имено, челниците на Соединетите Американски Држави и Германија за прв пат се сретнаа во Белата куќа во Вашингтон, а после церемонијата на пречекот каде што се ракуваа, Трамп имаше краток разговор со германската канцеларка „очи во очи“.


После тој состанок, тие се фотографираа во Овалната соба, меѓутоа за разлика од средбата на пример со Џастин Трудо или Шинзо Абе, американскиот претседател за време на фотографирањето со германската канцеларка беше очигледно нервозен и цело време ги држеше рацете пред себе.



На видео снимките кои што го преплавија инернетот, може да се види дека Трамп им се обрати на насобраните новинари и фотографи порачувајќи им „да испратат добри фотографии назад во Германија“.

Ангела Меркел дури и во еден момент му се обрати на Доналд Трамп, но тој постапи крајно неџентлменски и само ја заврти главата во другиот правец. Според аналитичарите, Доналд Трамп воопшто не се однесувал како државник и уште еднаш ја посрамотил целата американска нација.


Спонзорирани линкови

Маркетинг