Сè што отсекогаш сте сакале да дознаете за оргазмот, но ви било срам да прашате

Точка

17/03/2017

21:01

6855

Големина на фонт

а а а

Чиј оргазам е подолг, кој го доживува почесто и дали игра важна улога сексуалната ориентација?

Во продолжение дознајте интересни информации за она што многумина го нарекуваат „најдоброто чувство на светот“.

Оргазмот е фантастичен парадокс. Почнува како сензација во телото, но всушност, се случува во човечкиот мозок. За време на доживување на оргазмот, дел од мозокот се исклучува – областа зад левото око, т.н. латерален орбитофронтален кортекс, кој управува со нашиот разум и контрола, па затоа во тој момент сè престанува да биде важно. Може да се каже дека оргазмот е дури вид на медитација, бидејќи на тој начин ни се чисти умот.


Мажите можат да доживеат два вида на оргазам – со стимулација на пенисот или простатата. Кај жените постојат повеќе видови, а трите најчести оргазми се вагинален, клиторичен и оној кој се постигнува со стимулација на брадавиците.

Жените многу подолго доживуваат оргазам. Женскиот оргазам трае повеќе од 20 секунди, додека машкиот некогаш завршува дури и за три секунди. Меѓутоа, мажите доживуваат повеќе оргазми – според една студија, мажите доживуваат оргазам во дури 95 отсто од сексуалните односи, а жените само во 69 отсто.


Сепак, оргазмот повеќе има врска со типот на сексуален однос отколку со полот. Лезбејките имаат 12 отсто повеќе оргазми отколку хетеросексуалните жени, додека геј мажите доживуваат оргазам еднакво често како и хертеросексуалните мажи. Можеби тоа има врска со должината на сексуалниот однос, бидејќи во истражувањето лезбејките изјавиле дека нивниот секс трае 30 – 45 минути, додека хетеросексуалните парови водат љубов просечно од 15 до 30 минути.


Спонозорирани линкови

Маркетинг