Овие куќички од бајките навистина постојат! Посетете ги Хобитите, Ивица и Марица...

Точка

17/03/2017

21:30

5.464

Големина на фонт

а а а

Денес сè е возможно, па и да се живее во куќичка која изгледа како онаа од бајката за Ивица и Марица, куќа за принцези во форма на школка или во внатрешноста на дрво. Погледнете некои од овие бајковити градби.

1. "Seashell House" се наоѓа во Мексико, на тропскиот остров Исла Мухерес и, верувале или не, можете да ја изнајмите за да имате одмор од соништата!


2. Највисоката куќа на дрво се наоѓа во Британска Колумбија, висока е 15 метри и има три ката.


3. Куќичката Наутилус исто така можете да ја пронајдете во Мексико.


4. Сто пати сте ги гледале Хобитот и Господар на прстените? Бајката ја знаете на памет? А, дали би сакале да живеете во нивната куќа?


5. Оваа куќа е напуштена, но во хармонија со природата. Претставува куќа од соништата за сите оние на кои им е доста од цемент и сообраќајниот метеж.


6. Куќичката изгледа како да е фотографирана во Дизниленд, но во оваа куќа како од бајка навистина живеат луѓе.


7. Куќата – печурка звучи забавно, но кој би направил мебел за куќа во која нема рамни ѕидови?


8. Ако ги сакате барбиките, задолжително посетете ја оваа куќичка.


9. Ја пронајдовме и куќата во која Ивица и Марица за малку ќе станеле ручек на старата вештерка!


10. Кралот на кого му биле потребни мир и тишина направил дворец за пример на останатите.



Спонозорирани линкови

Маркетинг