Раиола за силните шпекулации во Италија околу следниот клуб на Ибра: Заборавете, тој сон нема да стане реалност

Дерби

17/03/2017

20:30

1531

Големина на фонт

а а а

Златан Ибрахимовиќ во својот разговор кој го имаше со Фабио Капело истакна дека блескавото сонце во Неапол е нешто што навистина сака да го доживее и да го искуси во својата кариера, но ако шпекулациите на оваа тема добија навистина голем обем во изминативе 24 часа, сега со коментар излезе и Мино Раиола кој инаку е задолжен за иднината на еден од своите најзвучни клиенти.

Контроверзниот менаџер е познат по тоа што секогаш искрено и без многу двоумење го кажува тоа што го мисли, а тоа го потврди и овојпат откако даде ексклузивна изјава за радиото „Кис-Кис.

– Ибра во Наполи? Заборавете на тоа. Златан нема да биде во Неапол следната сезона. Тој сон нема да стане реалност, – кратко истакнал Раиола.


Спонозорирани линкови

Маркетинг