Да ги запознаеме младите фудбалски херои!

Точка

17/03/2017

16:37

1.017

Големина на фонт

а а а

Македонија на европско првенство во фудбал! Македонија прва во квалификациска група, пред една Франција, Украина, Исланд, Шкотска и Ирска. Победи на домашен терен, победи во гости. Македонскта репрезентација е без пораз година ипол.

Да пишуваме за фудбал?



Поминаа неколку месеци откако се пласиравме на европското првенство во Полска кое се игра овој јуни. Младите повторно се собраа во Скопје и веќе на 24 март треба да играат пријателски натпревар со Црна Гора, а на 28 март со Бугарија. Токму по нивниот тренинг во недела 19 март, од 14-15 часот, Фудбалската федерација на Македонија-ФФМ организира отворен ден за дружење со У21 македонската фудбалска репрезентација на терените во куќата на Фудбалот.


Да ги запознаеме младите херои! Да ги слушнеме нивните очекувања за претстоечкото првенство во фудбал. Да ја почувствуваме нивната позитивна енергија и вплотеност. Да ги поздравиме и уште еднаш да им искажеме почит!


Недела, 19 март, на терените во куќата на Фудбалот да се почувствуваме шампионски. Да им посакаме уште поголеми успеси на младите фудбалери.




Спонозорирани линкови

Маркетинг