Демостат тврди: Вучиќ 57 проценти наспроти Бели со 3 отсто

Макфакс

17/03/2017

15:37

594

Големина на фонт

а а а

Според анкетата спроведена од страна на Центарот за истражување и објавување Демостат, Александар Вучиќ, ќе победи во првиот круг од претседателските избори во Србија.

Истражувањето е спроведено на почетокот на март, односно измеѓу 17 и 24 дена пред одржувањето на изборите и се однесува на процентот на оние гласачи кои сигурно ќе излезат да гласаат.

Процентите добиени од спроведената анкета, покажуваат дека кандидатот на коалицијата околу СНС Александар Вучиќ ќе добие 57 отсто од гласовите, објави во петокот Демостат. .

Зад него е Саша Јанковиќ со 11 проценти, додека другите кандидати се со едноцифрен процент.

Вук Јеремиќ, според истражувањето, има 9 проценти од гласовите, а потоа е Воислав Шешељ со 8%. За Љубиша Прелетачевиќ – Бели се 3 проценти.

Истиот процент на гласови, како Бели има лидер на движењето Двери Бошко Обрадовиќ, додека другите кандидати заедно имаат вкупно 9 проценти.

Според друг графикон, кој ги покажува процентите во однос на вкупниот број на избирачи во избирачкиот список, ситуацијата е малку поинаква, но редоследот на кандидатите не е променет.

Во овој случај, Александар Вучиќ, добива 34 отсто од гласовите, Саша Јанковиќ 6,6% Јеремиќ 5,4%, Шешељ на 4,7%, а Прелетачевиќ два проценти.

Другите кандидати имаат вкупно 3,3 отсто, додека уделот на апстиненти изнесува 44%.


Спонозорирани линкови

Маркетинг