Толку е тешко да се стигне до ова место, што човечка нога никогаш не стапнала таму!

Точка

17/03/2017

17:53

7.511

Големина на фонт

а а а

Постојат места во светот кои се многу недостапни, но и некои кои, освен тоа, се и – смртоносни.


Модерните патувања се толку лесно изводливи и животот го прават поубав и поудобен, па е лесно да замислиме дека било која точка на Земјата е достапна во рок од 24 часа. Сепак, тоа не е вистина. Всушност, постојат многу места на кои никогаш не стапнала човечка нога.

Луѓето од RealLifeLore направиле навистина убава анализа и пресек на тоа на какви се` начини се има променето патувањето во текот на годините, како и дека некои дестинации и понатаму бараат херојски подвиг.

Секако, на врвот на листата на места до кои е најтешко да се стигне, се неколку планински врвови. Но, не им е тешко само на планинарите желни за авантура – на пример, многу е потешко да се стигне и до островот Питкерн во јужниот дел од Тихиот океан. Секој кој навистина сака да го напушти светот, на овој остров може да добие бесплатно земјиште. На него живеат само 49 луѓе и повеќето од нив се потомци на Тахиќани и деветте членови од екипажот кои извршиле бунт на бродот Баунти во 1789 година.


Да, местото изгледа како совршено за да изградите куќа во изолација. Но, освен ако не планирате да изнајмите брод, патот до таму би можел да потрае со недели. Најблискиот аеродром е оддалечен повеќе од 500 километри и единствениот брод кој оди до островот, таму пристигнува на секои три месеци. Значи, не само што ќе биде исклучително напорно да отпатувате во Питкерн, туку кога веќе ќе стигнете таму, мора да сте подготвени на тоа дека ќе останете некое време.

Освен ако соседите не се кошмар, местото изгледа пријатно. Но, повеќето други места до кои е најтешко да отпатувате не се многу пријатни. На пример, планинскиот врв Анапурна, серија на планински врвови во Непал на синџирот на Хималаите. Само 191 луѓе биле таму. А, еден од четворица луѓе кои се обиделе во тоа, умирал.


До кое место е најтешко да се стигне? Па, постојат места кои законски е невозможно да се посетат, како што е на пример една од највисоките планини на светот Гангхар Пуенсум (7.570 метри) во Бутан.

Но, според порталот RealLifeLore, крунисаната дестинација по непристапност е планината Мучу Чхиш во Пакистан – ниедна личност никогаш успешно се нема искачено на врвот на планината, а само двајца луѓе во историјата воопшто се обиделе да го направат тоа. Висока е 7.452 метри, но вистинскиот проблем е што е неверојатно стрмна.



Спонозорирани линкови

Маркетинг