Насмеаната Иванка Трамп ја поминала вечерта во друштво на згодниот канадски премиер

Точка

17/03/2017

17:12

6.973

Големина на фонт

а а а

Иванка Трамп повторно е видена како ужива во друштвото на згодниот канадски премиер.


Само неколку часа откако сојузниот судија на Хаваите ја блокирал втората верзија на имигрантската одредба на Доналд Трамп, задавајќи му нов удар на американскиот претседател, неговата ќерка Иванка присуствувала на театарската претстава ‘Come From Away’ на Бродвеј, која зборува за канадското добредојде на странците по терористичкиот напад кој се случи на 11 септември, во која уживала во друштво на канадскиот премиер Џастин Трудо.


Иванка во театарот седела токму покрај згодниот премиер, кој дошол во придружба на неговата сопруга Софи, а покрај Иванка седела и американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли.


Повеќе од 100 светски амбасадори уживале во претставата, а доаѓањето на Иванка Трамп зачудило многумина, бидејќи таа освен што е ќерка на американскиот претседател, нема никаква функција во Владата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг