Попоски-Курц: Македонија во ЕУ е наједноставна гаранција за мир и развој во регионот

Макфакс

17/03/2017

14:14

469

Големина на фонт

а а а

Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски во Виена оствари средба со австрискиот министер за надворешни работи и актуелен претседавач со ОБСЕ, Себастијан Курц, при што разговараа за регионалната стабилност и потребата од интегрирање во ЕУ како најдобра гаранција за развој на Балканот.

„Што и да се случува во регионот, какви и да се предизвиците, доколку членството во ЕУ изгледа достижно, тоа ќе ги стабилизира сите земји, а ќе ги релаксира и предизвиците внатре во Унијата. Мигрантската криза, геополитичките поместувања, заканите од радикализам и тероризам и глобалната конкурентност се само најсвежи примери за тоа дека делиме исти интереси. Единствено логично е да бараме обединување околу една кауза: да сме дел од ЕУ и од заедничкиот пазар е веројатно наједноставната гаранција за мир и развој во Македонија и Регионот“, истакна Попоски по средбата.

Средбата се одржа за време на посетата на Попоски на Виена, за време на која се обрати на седница на Постојаниот совет на ОБСЕ.


Спонозорирани линкови

Маркетинг