Нема да ви се верува што сè може еден обичен регенератор за коса: Решава шест важни проблеми во вашиот дом!

Точка

17/03/2017

13:02

3.764

Големина на фонт

а а а

Затнат одвод и крцкави врати се само некои од домашните проблеми кои можете да ги решите со помош на балсам за коса.


Крема за бричење


Ќе ви послужи како крема за бричење на нозете - нозете не само што ќе ви бидат неверојатно мазни, нема да имате ни ранички ни посекотини..

Крцкави врати


Регенраторот може да биде и подмачкувач. Ставете мала количина од него на механизмите кои крцкаат и ќе го решите проблемот.

Безболно отстранување на фластер


Втријте од регенераторот на краевите од фластерот и тој сам ќе попушти.

Перење


Доколку перете многу деликатна облека, во леген истурете млака вода и додајте една супена лажица регенератор за коса. Тоа ќе ви биде сосема доволно да ги исперете деликатните работи без да ги уништите.

Заглавен прстен


Ставете регенератор околу прстенот. Ротирајте го прстенот неколку пати и повлечете го нагоре-надолу за регенераторот добро да се намачка. Потоа само извадете го.

Сјај


Ставете мала количина на влажна крпа и поминете ги веќе исчистените уреди направени од нерѓосувачки челик. Тие се засветкаат.


Спонозорирани линкови

Маркетинг