Google подготвува три наследници на Pixel паметните телефони?

Точка

17/03/2017

15:00

3.797

Големина на фонт

а а а

Според „добро информирани извори“, Google оваа година ќе претстави три нови паметни телефони.

Кога се во прашање паметните телефони, во последно време во фокусот на аналитичарите и сите оние кои што ја следат технолошката сцена, најчесто се Apple и Samsung. Сите го очекуваат претставувањето на „осмиците“ на овие гиганти - Самсунг ќе го претстави Galaxy S8 веќе кон крајот на овој месец, а Apple ќе го претстави iPhone 8 стандардно во јуни.


Како што пренесува "Droid Life", Google оваа година се подготвува за претставување на дури три наследници на прилично успешната серија на паметни телефони со Андроид оперативен систем - Pixel.


Од "Droid Life" ги откриле и „кодните имиња“ на паметните телефони кои што ги подготвува Google: Muskie, Walleye и Taimen.

Спецификациите на најновите паметни телефони на Google засега не се објавени, но затоа е откриено дека последниот од трите наведени телефони - Taimen, би можел да има поголема дијагонала на екранот во однос на останатите два, како и во однос на Google Pixel паметнтите телефони кои што пристигнаа на пазарот минатата година.


Ако може да се суди според успехот на Pixel серијата на паметни телефони, освен неодамна откриените проблеми со микрофонот на телефоните, покрај споменатите нови модели на Samsung, Apple, но и на Nokia, Google исто така може да ја направи оваа година и повеќе од интересна.


Спонозорирани линкови

Маркетинг