Насловната страна која ја шокирала Германија: Дневникот на Ердоган без милост: "Таа е женски Хитлер..."

Точка

17/03/2017

12:31

1.736

Големина на фонт

а а а

Фотомонтажата од Ангела Меркел со мустаќи како на Хитлер и нацистичка униформа, се појавила денес на насловната страна на турски провладин дневник, во екот на кризата помеѓу Анкара и ЕУ.


"Женски Хитлер", пишува во насловот на дневникот Gunes, каде е додаден и кукаст крст и натпис Фрау Хитлер преку фотомонтажата од Ангела Меркел, која зазема три четвртини од насловната на дневникот.




Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги обвинил Германија и Холандија за "нацистичка пракса" откако двете земји на своја територија забраниле собири во корист на референдумот за проширување на неговите овластувања.

На својата интернет страна Gunes објавил и друга фотомонтажа од канцеларката со мустаќи и нацистички поздрав со наслов - "Нема разлика во однос на Хитлер".



Спонзорирани линкови

Маркетинг