Легендарниот Чомски ја предвиде победата на Трамп: Сега предвидува нешто пострашно, светот има причина за грижа

Точка

17/03/2017

19:14

10.896

Големина на фонт

а а а

Ноам Чомски предупредил дека Доналд Трамп пристигнува на пазарот на капитал, а сега предупредува дека на видик е уште еден финансиски крах, пишува "The Independent".


Овој економист, историчар и лингвист рекол дека претседателскиот статус "против естаблишментот" бил "шега", со оглед на тоа дека во својот естаблишмент именувал доверители и води политика која го охрабрува пазарот на акции.



Вредноста на акциите пораснала по изборот на Трамп

"Што е анти-естаблишмент? Неговиот кабинет повлекува луѓе од класата милијардери, големи финансиски институции, војската и слично. Всушност, погледнете го пазарот на акции, тоа вам ви кажува колку е тој против естаблишментот", рекол тој, притоа мислејќи на членовите на владата како што се министерот за финансии Стив Мнучин и директорот на Националното економски собрание Гери Кон, кој работел во "Goldman Sachs".

"Кога Трамп беше избран, вредноста на акциите во финансиските институции порасна до небо", вели Чомски.


"Инвеститорите се воодушевени што Трамп ќе ја елиминира регулацијата и ќе им дозволи поголем профит. Тоа, секако, ќе доведе до нов крах, но тоа е проблем на некој друг. Даночните обврзници ќе се погрижат за тоа", додава тој.

По речиси 8 години од администрацијата на Обама, експертите сега под Трамп очекуваат финансиски превирања.


Рекордно ниво на американската берза

И покрај нервозата околу неговата одредба за забрана на влез на муслимани во земјата, и неговите твитови кои целат на одредени компании, американската берза достигнала рекордно ниво по изборите, и продолжува да расте- засега.

Акциите на фармацевтските компании, банки и затвори скокнале поради ветувањата за даночни реформи и помали регулации.

На пример, претседателот потпишал извршна наредба за преглед на законот "Dodd-Frank", кој по финансиската криза го донел Барак Обама за осигури дека банките држат поголем капитал, и за да се ограничат ризичните вложувања со цел заштита на потрошувачите.

Главниот индекс на американските компании, "S&P 500", пораснал за повеќе од 10 проценти откако Трамп станал американски претседател. Банките од тогаш уживале уште поголем раст, а во истиот период, пасивниот фонд кој вложува во финансиски акции, пораснал за повеќе од 17 проценти.

Трамп таквиот раст го припишува на успехот на својата администрација по инаугурацијата. Задоволен е и со извештајот на Заводот за работа, според кој во февруари биле отворени 235.000 нови работни места, а слични бројки во текот на администрацијата на Обама ги нарекувал лажни.


Богаташите се богатат уште повеќе

Проблемот е тој што корпоративните проценки веќе станале толку растегнати, што дури и ако Трамп ги спроведе реформите што ги ветил, враќањето на богатството и натаму ќе биде надвор од досегот, објаснува Шон Тули, уредник на Fortune.

На крај, изгледа Трамп ги прави богатите побогати, во држава каде што живеат повеќе од пет милиони милионери.

Најавил и намалување на корпоративниот данок од 35 на 15 проценти, и напуштање на данокот за сојузни недвижнини и подароци.


Спонозорирани линкови

Маркетинг