Уметноста ја открива другата страна на монструмот: Овие слики ги насликал Хитлер во најсреќните денови од својот живот

Точка

17/03/2017

10:31

3.524

Големина на фонт

а а а

Пред потпишувањето на извршните одредби чии последици резултираа со смртта на милиони невини луѓе и уништување на Западниот свет каков што беше до тогаш, Адолф Хитлер бил човек со изразена уметничка страна - сакал да биде сликар.

Роден како Австриец, во основно училиште бил добар ученик, додека во средно започнал да потфрла - како што сам зборувал, поради конфликтите со својот татко и инатот.


По матурирањето, Адолф не продолжил со понатамошно образование. Би можеле да го наречеме и мрзлив бидејќи не покажувал никаква желба за работа, а финансиската состојба на семејството и самите родители не го присилувале на тоа.


Наместо тоа, со поддршката на својата попустлива мајка, поминал две години живеејќи како џаболебар.. Читал книги, свирел клавир, сликал и сонувал дека еден ден ќе стане светски познат уметник.

Овој период го опишал како "најубавиот период во животот". Се дружел со Август Кубизек, пријателот кој ги делел истите сонови како Хитлер и бил фасцинирал од него и неговите идеи.


Сепак, во 1907-ма година, Адолф сфатил дека сака да направи нешто со својот живот, а единствената водилка му била желбата за уметнички достигнувања. Одучил да се запише на Академијата за ликовни уметности во Виена. На уписите не успеал да влезе во потсениот избор на кандидати и испаднал во вториот круг на оценувања.



Подоцна признал дека ваквиот неуспех бил шок за него бидејќи бил сосема сигурен во себе. Професорот кој го оценувал коментирал дека неговите описи на објекти се многу добри, што го потикнало младиот Хитлер да се заинтересира за архитектура. Иако тврди дека тогаш одлучил да стане архитект, тој и наредната година се обидел да се запише на Академијата, но овојпат бил елиминиран уште во првиот круг.

Откако не успеал да се запише на Академијата, Хитлер одлучил да се пресели во Виена, а со пензијата за деца без родители и со финансиска поддршка од неговата тетка, можел да живее без да работи.



Пријателот Кубизек му се придружил како цимер бидејќи исто така студирал тука. Во Виена, Хитлер ги разгледувал културните уметности и ковал планови за потребните архитектонски поправки на градот, Кубизек тврди дека политиката воопшто не го интересирала.

Кога од починатата тетка го добил наследството се преселил во скромен дом за самци и сликал разгледници кој еден негов пријател ги продавал по баровите и ресторанчињата. Хитлер своите слики ги нарекувал просечни и аматерски, иако со нив пристојно заработувал.



Спонозорирани линкови

Маркетинг