Река во Нов Зеланд добила статус на живо суштество: Се избориле за признавање, а потоа плачеле од среќа!

Точка

17/03/2017

10:03

2.531

Големина на фонт

а а а

Река на Нов Зеланд добила еднакви права како човечко суштество. Локалното маорско племе Вангануи на Северниот остров се борело за признавање на својата река како свој предок веќе 140 години.


Стотина племенски претставници во средата плачеле од среќа, откако била озаконета нивната молба реката да добие статус на живо суштество.




Главниот преговарач од Вангануи племето, Џерард Алберт, рекол дека оваа река отсекогаш ја сметале за живо суштество.


Новиот статус на Вангануи значи дека, ако некој на некој начин ја оштети, за тој чин ќе одговара како да го оштетил самото племе. Од сега племето и реката се еднакви.


Двајца чувари од сега ќе бидат одговорни за чување на реката, еден на изворот, а еден на текот, јавува Guardian.


Алберт вели дека сите маорски племиња се сметаат себе за дел од вселената, еднакви на планините, реките и морињата.


Овој нов закон го претставува и нивниот поглед на светот и би можел да стане преседан и за други маорски племиња кои сакаат да го следат примерот на племето Вангануи.


Спонзорирани линкови

Маркетинг