Неверојатна убавина која ја нуди Европа во пролет

Точка

16/03/2017

19:28

4284

Големина на фонт

а а а

Сакура или цветање на цветот на црешата, во Окинава започнало уште во јануари, но вистинскиот „розов снег“ ќе настапи во март, па тогаш треба да испланирате патување во Јапонија, каде што се организираат многу фестивали во чест на пролетта.


Сепак, бидејќи Јапонија е далеку, може да ги посетите и следните градови во Европа кои во своите паркови го слават цветот на црешата.

Париз, Франција – Кој ќе се најде во Градот на светлината во март треба да прошета во Марсовиот парк и да ужива во сакура со Ајфеловата кула во позадина.


Лондон, Велика Британија – Постојат многу паркови во кои можете да доживеете сакура, но Ки градината во март изгледа како на неа да паднал розов снег.


Берлин, Германија – Гартен Дер Велт има тематски дел наменет на Азија, но кој ќе се најде во Бон може да прошета по цела улица под цветовите на цреша. Во Хамбург секој мај се организира фестивал посветен на црешовиот цвет и Јапонија.


Прага, Чешка – Во Петриниот парк секоја пролет цветаат безброј црешови цветови, а влезот е бесплатен.


Рим, Италија – Прошетајте во паркот Лаго, кој на пролет го преплавуваат розовите цветови на јапонските цреши.


Копенхаген, Данска – Сакура фестивалот се одржува на крајот од април во Копенхаген, а тоа е одлична прилика да уживате во овој град во доцниот мирис на пролетта.



Спонозорирани линкови

Маркетинг