Еве како 6 години пекол од граѓанската војна се собрале во една потресна фотографија

Точка

16/03/2017

20:34

3.289

Големина на фонт

а а а

Фотографијата од постариот маж Мухамед Мухедин Анис кој слуша музика од грамофон во својата уништена соба во Алепо го обиколи целиот свет, а во неа симболично се собрала целата бесмисленост на шестгодишната војна во Сирија.

Оваа неверојатна фотографија е авторско дело на фотографот Џозеф Ејд од новинската агенција АФП и на неа гледаме старец кој седи со прекрстени нозе со луле во раката и слуша музика во просторија преполна со скршено стакло и ѓубре која е на чекор да се урне.

Фотографијата е објавена на 9-ти март и оттогаш светот не престанува да се прашува до кога ќе мора да се соочуваме со бесмислени војни.

Господинот од фотографијата е познат и како Абу Омар и пред војната бил страствен колекционер на олдтајмери кои во еден момент ги имал дури во 30 парчиња. Анис живеел во делот од Алепо кој бил под висок надзор на безбедносните сили.


Две третини од неговите автомобили се уништени или украдени за време на војната. Додека на новинарите им го покажувал својот стан, истакнал дека грамофонот кој не е на струја е една од ретките работи кои моментално го прават среќен, пишува „The Independent”.

„Оваа фотографија е толку потресна, што е едноставно невозможно да не ве допре“, рекол авторот на истата, Ејд.

„Секој пат кога ќе почувствувам немоќ и сакам да се откажам, секогаш се сеќавам на Абу Омар како со лулето се на креветот во својот разурнат дом и ги слуша омилените плочи“, рекол Ејд во интервјуто за „Time”.


Спонозорирани линкови

Маркетинг