„Раниери немаше дисциплина, често заминуваше во Италија"

Точка

16/03/2017

16:00

2.100

Големина на фонт

а а а

Именувањето на Крег Шекспир се покажа како добар потег на управата на актуелниот англиски шампион Лестер Сити.

Поранешниот помошник тренер на Лестер, Кевин Филипс изјави дека на Раниери му недостасувала дисциплина во водењето на „Лисиците“, а играчите биле понекогаш препуштени самите на себе.

„Работев едно време со Раниери и видов дека организацијата не е добра. Шекспир беше тој кој што ги држеше работите под контрола. Доколку не беше тој, сето тоа во Лестер порано ќе пукнеше, затоа што Раниери премногу често леташе за Италија“, изјави Филипс и додаде:

„Секако дека менаџерот ги добива сите заслуги за титулата, но прашање е дали таа ќе беше освоена да не беше тука Шекспир“, порача Филипс.


Спонозорирани линкови

Маркетинг