Супер Куп трофејот пристигна во Скопје: Tрофеј турата ќе започне со најмладите, придружете се!

Точка

16/03/2017

15:55

722

Големина на фонт

а а а

На 8-ми август 2017 година Скопје ќе биде домаќин на грандиозен фудбалски настан.СУПЕР КУП на УЕФА. Натпревар на кој во нашиот главен град ќе се сретнат двете најдобри екипи во Европа, а ќе ги дочекаме сите во Македонија.

Изложувањето на УЕФА СУПЕР КУП трофејот е уникатна шанса за јавноста во Македонија да застане блиску до трофејот и да се персонализира со големиот СУПЕР КУП трофеј на УЕФА. Ѕвездената моќ на УЕФА СУПЕР КУП трофејот веруваме дека ќе привлече страствени љубители на фудбалот и општата јавност каде и да се изложува големиот трофеј, oд централните градски плоштади до големите трговски центри.

Турата на УЕФА СУПЕР КУП трофејот е можност, СУПЕР КУП СКОПЈЕ 2017 да стигне до срцата на голем број жители на Македонија и да создадеме празнична фудбалска атмосфера на територијата на цела држава.


- Младите и возрасните ѓраѓани на нашата држава ќе имаат можност да уживаат во уникатна авантура – „сите Македонци да бидат дел од срцето на настанот„ преку изложувањето на УЕФА СУПЕР КУП трофејот, вели Илчо Ѓорѓиоски, претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

Премиерно, УЕФА СУПЕР КУП трофејот ќе биде претставен на Grassroot настанот во организација на ФФМ, односно почетокот на пролетната полусезона во Детската ФФМ лига.


На 18-ти март 2017 од 09:00 до 18:00 часот сите сте поканети на платото пред „Куќа на фудбалот“. Трофејот ќе биде изложен на специјално брендирана поставка и ангажиран официјален фотограф за фотографирање на присутните љубители на фудбалот, децата и екипите учесници во Детската лига на ФФМ.

Европскиот СУПЕР КУП сега е наш.


Спонозорирани линкови

Маркетинг