Ред Бул: Ферари претпазливи со самодовербат

КРУГ.МК

16/03/2017

18:00

1.022

Големина на фонт

а а а

Хелмут Марко верува дека тактиката на Ферари да ги крие своите перформанси може да им направи проблеми на Ред Бул.

За време на тестирањата во Барселона, Себастијан Ветел намерно побавно го возеше последниот сектор и со тоа ги криел вистинските перформанси на Ферари.

„Ферари се доста силни и издржливи. Тоа е многу различно од минатата година. Тоа ме загрижува бидејќи го познавам Ветел. Тој намерно успори и тоа може сите да го потврдат. Ако направите вакво нешто тогаш сте сигурни во себе и имате знаење дека потенцијалот на болидот е огромен“.

Кими Раиконен беше поотворен и постави најбрз круг на тестирањата со време под 1м 19с. Но Марко верува дека без информација за колку гориво имале или како бил наместен моторот неможе да се знае колкав потенцијал имаат Ферари и Мерцедес.

„Никој не знае како возеа. Може да имаш 10кг гориво повеќе и ќе добиеш 0,35 секунди. Но и подеувањето на моторот може да ви донесе уште една секунда. Голем дел не се знае. Во Мелбурн ќе видиме до каде сме но сигурен сум дека Ферари ќе биде напред“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг