Суперавтомобил во вистинска смисла на зборот: Ова е McLaren 720S

Точка

16/03/2017

19:00

4.783

Големина на фонт

а а а

На женевскиот Саем за автомобили беа претставени најразлични модели на автомобили, а секако беа претставени и оние кои се наменети исклучиво за луѓето со подлабок џеб.

Еден од тие автомобили е McLaren 720S, чудото од автомобил од „Супер серијат“ на британскиот производител во која што веќе спаѓаат моделите 650S и 675LT.


McLaren 720S има страшен мотор - twin-turbo 4,0-литарски V8 со моќ од 720 коњски сили со кој што автомобилот од 0 до 100 километри на час забрзува за помалку од три, а до 200 километри на час за само 7,8 секунди.


Во обратна насока, од 200 километри на час до 0, McLaren 720S застанува за околу пет секунди на патека за сопирање долга 117 метри, а од „стотка“ до 0 застанува за 29,7 метри за 2,8 секунди. Инаку, на McLaren 720S му се доволни само 21,4 секунди за да стигне до 300 километри на час, а неговата максимална брзина изнесува 341 километри на час.


McLaren 720S е долг 4543 мм, широк 1930 мм и висок само 1196 мм. Меѓуосовинското растојание изнесуа 2670 мм, а тежи 1283 килограми. Просечната потрошувачка при возење во градска средина изнесува 15,8 литри на 100 километри, а комбинирано троши 10,7 литри на 100 километри.


Постои уште една бројка од која што ќе ви се заврти во главата, а тоа е цената на овој суперавтомобил. Покрај стандардната опрема, постојат уште две нивоа, а тоа се Performance и Luxury опремите, а сето тоа започнува со почетна цена од 208 илјади фунти.






Спонзорирани линкови

Маркетинг