Да, и тоа го има: Изнајмете лажни пријатели за правење „селфи" на социјалните мрежи

Точка

16/03/2017

18:00

2.759

Големина на фонт

а а а

Јапонска компанија изнајмува „пријатели“ со кои што ќе можете да се фотографирате и тие фотографии од вашиот „супер возбудлив социјален живот“ да ги објавите на социјалните мрежи.

Луѓето стануваат се повеќе зависни од социјалните мрежи и многумина имаат потреба од претставување на својот живот на социјалните мрежи - објавуваат фотографии од тоа како се забавуваат со своите пријатели, фотографии од патувања, излегувања во дискотеки и слично.


За тие кои што сакаат да бидат „тој тип на корисници“ на социјалните мрежи, но немаат „лудо“ друштво или партнер и не излегуваат често по дискотеките, јапонската компанија Family Romance понуди решение во обликот на сервисот Real Appeal.

Со помош на овој сервис, можно е да изнајмите лажни пријатели со кои што ќе можете да ги импресионирате вашите пријатели на Фејсбук и Инстаграм - да, добро прочитавте.


Корисниците ќе можат да ги изнајмат пријателите и да изберат пол и возраст, а тие со нив ќе се фотографираат и ќе глумат дека им е забавно со цел фотографиите кои што подоцна ќе бидат објавени на Фејсбук и Инстаграм да изгледаат што е можно пореално - сето ова по цена од 70 долари по лице за два часа.

Лажните пријатели можат да се изнајмат и за роденденски и слични прослави, а како што велат од јапонската компанија Family Romance, најчесто луѓето изнајмуваат „лажни“ партнери со цел да ги направат своите поранешни партнери љубоморни.


Спонозорирани линкови

Маркетинг