Војната продолжува и надвор од теренот: Насри жестоко го нападна Варди, напаѓачот на Лестер експресно одговори

Дерби

16/03/2017

14:22

1.184

Големина на фонт

а а а

Лестер успеа да направи пресврт во осминафиналениот двобој со Севилја и да се пласира во четвртфиналето во Лигата на шампионите, но повратниот дуел кој се одигра во Англија донесе и еден инцидент во кој подебелиот крај го извлече Самир Насри.

Францускиот фудбалер на Севиља заработи црвен картон откако Варди добро го испровоцира и го искористи неговиот момент на нервоза, а тоа беше една од причините поради кои Англичаните во последните 20-тина минути имаа полесна задача да го задржат водството од 2:0.

Насри не го криеше својот бес на теренот и веднаш сакаше да се пресмета со Варди, а сега „војната“ продолжи и надвор од него со оглед на последните изјави кои ги дадоа двајцата фудбалери.

– Варди е голем измамник. Ако беше играч од друга земја, цела англиска јавност ќе зборуваше за тоа дека е голем измамник. Тој е интернационален фудбалер, не беше потребно да го направи тоа. Мислев дека Англичаните се многу поцврсти во такви ситуации. Тој се втурна во моето лице, јас не го ни допрев, а тој падна како покосен. Добро ме намести, – гласи жестокиот напад кој го испрати Насри, а на кој следеш брз, но доста смирен одговор од страна на Варди.

– Не сум измамник, а не сум ни бил никогаш во кариерата. Тоа е се што имам да одговорам на оваа тема, нема да продолжувам да објаснувам што се случи и како се случи, – кратко изјавил Варди за „Би-Би-Си“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг