Власи: Косово можеби ќе беше дел од Србија, доколку Милошевиќ не ја укинеше автономијата

Макфакс

16/03/2017

11:48

402

Големина на фонт

а а а

Косовскиот адвокат и поранешен комунистички функционер Азем Власи смета дека Косово денес можеби се уште би било дел од Србија, доколку поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ не ја укинеше автономијата на покраината, пренесуваат српските медиуми.

Според Власи, Милошевиќ „газеше по Југославија, водеше луда политика и преку својата ароганција кон Косово и Албанците предизвика хаос“.

Поради Милошевиќ и неговата политика сите бегаа од Југославија, тој ја погази автономијата на Косово и Албанците, кои не сакаа ништо повеќе од тоа, вели Власи.

„Да не го направеше тоа можеби Косово и денес ќе беше во Србија и немаше да има војна. Знаете, говорејќи искрено ние Албанците никогаш и не и припаѓавме на СФРЈ и Србија, на сила бевме втуранти во неа“, заклучил Власи, кој пред неколку дена беше ранет во Приштина и во моментот се наоѓа на домашно лекување.


Спонозорирани линкови

Маркетинг