Бразилски продуценти со ремикс за хитот "Love Me" на The Sound Messengers

Точка

16/03/2017

10:57

3.345

Големина на фонт

а а а

На наше огромно задоволство денес е пуштен во етер ремиксот на првата песна, со која се прослави овој бенд - најголемиот хит на Соунд Месенџерс од пред 4 години “Love Me”, за кој е снимен и видео запис.


Синглот дожиеа свое ре-издавање и ексклузивно е изработен од едни од најпознатите DJ-и и ремиксери во Бразил и Jужна Aмерика; Хадсон Леите и Тајлесон Пабло. Тие имаат ремиксувано повеќе од 200 песни на познати светски изведувачи како: SELENA GOMEZ, ALAN WALKER, THE CRANBERIES, JASON DERULO, INNA, ANTONIA, CELINE DION, FIFTH HARMONY, SIA, DJ LAYLA, PAULA MATTOS, JUSTIN BIEBER, OMI, JAY SEAN, NE-YO и многу други...


Од целиот репертоар на нашите авторски песни, најмногу им се допадна "Love Me" и нашата Симона па од таму и инспирацијата за ремикс за истата во две верзии – радиска и се разбира клубска. Ремиксот својата промоција веќе ја доживеа во Бразил, а од денес ќе ја слушаме и во нашиот етер.


Во продолжение ви го презентираме линкот на песната....Уживајте! :)



Спонозорирани линкови

Маркетинг