Кирјос повторно кобен за Ѓоковиќ, Федерер го доби дербито со Надал

Макфакс

16/03/2017

09:55

513

Големина на фонт

а а а

Роџер Федерер ќе игра во полуфиналето на Мастерсот во Индијан Велс, откако славеше во тенискиот класик против Рафаел Надал. Првиот Мастерс во сезоната ќе добие нов шампион бидејќи победникот во последните три сезони Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето загуби од Ник Кирјос.

Швајцарецот Роџер Федерер, во реприза на финалето на Аустралијан Опен, лесно се справи со Рафа Надал и победи во два сета 6:2, 6:3 за само 68 минути игра.

Противник на Швајцарецот во полуфиналето ќе му биде Австралиецот Ник Кирјос кој го елиминира бранителот на трофејот Новак Ѓоковиќ. За речиси два часа игра Кирјос славеше со 6:4, 7:6. Кирјос во краток период два пати успеа да го победи Ѓоковиќ. Австралиецот пред 12 дена славеше во Акапулко.

Сервисот на Австралиецот беше клучен фактор во овој меч, тој загуби само шест поени на својот орв сервис, а во исто време на најдобриот човекот кој го има најдобриот ритер во историјата на тенисот не му дозволи ниту една брејк топка.

Пласман меѓу најдобрите осум на Мастерсот во Индијан Велс изборија уште и третиот носител Стан вавринка кој во три сета 3:6, 6:3, 7:6 го победи Јапонецот Нишиока, потоа Доминик Тим кој со 6:3, 6:2 славеше против Монфис, кеи Нишикори немаше проблеми со Јанг и победи во два сета, додека Џек Сок по голема борба го совлада Тунижанецот Јазири 4:6, 7:6, 7:5.


Спонозорирани линкови

Маркетинг