Чесни сопружници: Тој е полицаец, а таа проститутка и одлично се согласуваат

Точка

15/03/2017

21:01

3.807

Големина на фонт

а а а

Сара Џеј Фрост од Лондон му е сопруга на полицаецот Скот Фрост. Таа тврди дека работи како проститутка и дека заработува 130 фунти на час, а тоа воопшто не им пречело на нејзиниот сопруг и неговите колеги.

Во полицијата велат дека се свесни за нејзината професија. Сара сака да ја нарекуваат „бујната Сара Џејн“, а своите „сексуални сесии“, како што самата ги нарекува, ги наплаќа и до 130 фунти на час.

„Имам снимено и многу порно филмови, а во еден „гостуваат“ дури 40 мажи“, изјавила за „Mirror“ бујната Сара.


„Го сакам сексот, сакам да запознавам нови луѓе. Забавна сум и пријателски расположена. Луѓето ја сакаат мојата насмевка и природната раскошна фигура. Се согласувам на повеќето работи и сакам авантури. Моето семејство знае за тоа, моите пријатели, па дури и моите шефови знаат. Никој нема ништо против тоа. Луѓето често му приоѓаат на мојот татко и го прашуваат дали му е срам и дали се срами од својата ќерка која се соблекува за весници и се продава за пари. Тој им одговара дека тие се оние кои ги гледаат голите слики и со самото тоа плаќаат за мојот живот“, била искрена Сара.

Инаку, проституцијата е легална во Англија. Сепак, соблекувањето во јавност, подведување и водење на јавни куќи е нелегално.


„Мислам дека многу жени би признале дека се занимаваат со овој занает ако не им беше страв од реакцијата на полицијата и окружувањето. Кога би признале би биле позаштитени и побезбедни“, објаснила таа.


Спонозорирани линкови

Маркетинг