Реј Ален откри пред колку време дознал за Меси и ја зачуди комплетната спортска јавност

Дерби

15/03/2017

18:30

1.939

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси е вистински миленик и голем идол во очите на милиони фудаблски фанови ширум светот, но сепак постојат и луѓе кои се уште немаат слушнато за најголемата ѕвезда на Барселона, или пак дознале за него пред извесно време.

Верувале или не, во оваа категорија на фудбалски „фанови“ спаѓа и легендарниот кошаркар Реј Ален, кој во своето последно обраќање призна дека го дознал неверојатниот аргентински фудбалер само поради неговиоте синови кои се вистински вљубеници во фудбалот.

Неповторливиот шутер октри дека првпат ги видел фудбалските магии на Меси пред три години, кога сакал да дознае кое е името кое постојано го изговараат неговите синови.

– Моите синови играат фудбал шест или седум години. Тие постојано зборуваа за Меси и јас само ги слушав што имаат да кажат. Пред три години решив да отворам Јутјуб и да погледнам некои негови движења. Ги видов сите негови најдобри хајлајтси, отидов кај моите деца и им кажав „овој човек е неверојатен“. Неговата брзина, неговата работа со нозете, способноста да постгинува голови е нешто што не може да се спореди со никој друг, – посочил легендарниот Ален кој покрај безбројните признанија од колегите, на двапати успеа да го освои и шампионскиот прстен во НБА лигата.


Спонозорирани линкови

Маркетинг