Tonino Lamborghini: Италија во една шолја кафе

Точка

15/03/2017

16:33

3.145

Големина на фонт

а а а

Италијанците знаат да уредат дом, да дизајнираат автомобили од кои “боли глава“, да се дотераат од глава до пети и да уживаат во добро кафе на сончева веранда.

Како и да погледнеме, италијанскиот дизајн е олицетворение на лукусз. Имињата на италијанските дизајнери и производители, од автомобилската до модната индустрија, асоцираат на префинетост кога и да ги слушнеме.

Славните личност со стил и филмската индустрија со Холивуд, целосно го издигнаа и наметнаа италијанскиот стил врз глобалната сцена. Блескавите сцени од легендарниот La Dolce Vita на Фелини, или стилот на Грегори Пек и Одри Хепберн во својот романтичен занос на ретро Веспа во Roman Holidays од 1953.

Сега е лесно да ја вметнете италијанската префинетост и естетика во вашиот дом или во вашиот стил на облекување, но постои еден начин како да ја вкусите Италија во една шолја кафе.


Вистинските љубители на еспресо во Македонија сега имаат можност да уживаат во вкусот на автентичната италијанската традиција во своите омилени кафулиња. Tonino Lamborghini е италијанско премиум еспресо со неодолив и избалансиран вкус, произведено и пакувано во Италија.

Италијанските дизајнери навистина умеат да внесат убавина во иновациите. Од минималистички, префинет дизајн на приборот за послужување на кафе, како и дизајнерската сензација на Тонино Ламборџини- кафе машините наменети за угостителите, до задоволството да се има дома црвена лименка 250 грамско пакување на регуларно мелено еспресо, и еспресо во зрна. Овие производи се создадени да додат уште поголема вредност на моментот кога целосно ги ослободувате вашите сетила за да уживате во една шолја еспресо. Црна мешавина од Alta Mogiana Арабика и високo квалитетна Робуста, Црвена мешавина на Арабика од Централна Америка и Бразил со допир на робуста или пак Платинум мешавина на бразилски зрна 100 % Арабика, Тонино Ламборџини не отстапува од избалансиран, полн вкус, интензивна арома и автентичен шмек.

Последниот новитет од овој бренд е вистински спој на квалитет и практичност. Тонино Ламборџини еспресо капсули кои се компатибилни со Nespresso® машина за кафе, а ќе можете да ги набавите во вашиот најблизок супермаркет. А за еспресо арома во секое време, па дури и во ноќта, безкофеинска мешавина од Арабика и Робуста од Јужна Америка е вистински избор, достапнаво 250 грамско пакување во лименка и еспресо патрони вакумирани во една доза, фино мелено и печено кафе.


Еспресо е како ниеден друг пијалок на светот. Една доза еспресо во денот прави низа корисни ефекти врз умот и телото. Допринесува за фокус и концентрација, ја поттикнува креативноста, ги изострува сетилата, а аромата предизвикува емоции и спомени кои го негуваат расположението.




Спонзорирани линкови

Маркетинг