Идната најпопуларна технологија: Интел купи компанија за 15 милијарди долари

Точка

15/03/2017

19:00

4357

Големина на фонт

а а а

Со оваа аквизиција ќе се забрзаат иновациите во автомобилската индустрија и ќе ја позиционираат компанијата Интел како една од водечките компании во оваа индустрија.

Минатата година од Goldman Sachs предвидоа дека пазарот за технологија и системи за управување со автономните автомобили ќе порасне од околу 3 милијарди долари колку што изнесувало во 2015-та година, на 96 милијарди долари до 2025-та годиа, односно на дури 290 милијарди долари во 2035-та година.

Ако овие предвидувања се покажат како точни, јасно е дека оваа технологија ќе биде најпопуларна во иднина, а компаниите кои што вложуваат во неа, ќе остварат неверојатно голема заработка.


Една од компаниите која што сака да доминира на овој пазар секако е Интел - од компанијата соопштија дека деновиве ја превзеле израелската компанија Mobileye која што развива технологија за управување на автомобилите за дури 15,3 милијарди долари. Од Интел велат дека со оваа аквизиција „ќе се забрзаат иновациите во автомобилската индустрија и ќе ја позиционираат компанијата Интел како една од водечките компании во оваа индустрија“.

Mobileye моментално соработува со 27 автомобилски компании и контролира околу 70% од пазарот со напреди системи за помош при возењето и системи за спречување на судири.

Иако бројката која што Интел ја плати за оваа компанија е премногу голема, аналитичарката Бетси Ван Хес од Loop Capital Markets вели дека тоа е „одлична шанса за Интел кој што влегува на пазарот кој што има огромен потенцијал за пораст“.


Исто така, аналитичарите сметаат дека оваа аквизиција покажува дека Интел не сака да ги повтори грешките од минатото кога компанијата не го препозна на време потенцијалот на мобилниот пазар и одлучи да се фокусира пред се на пазарот со компјутерите.

Извршниот директор на компанијата, Брајан Крзанич верува дека една од идните револуции на технолошкиот пазар е поврзана токму со автономните автомобили, па така овој пат компанијата Интел има намера да биде подготвена за тоа - а главната потврда е најновата аквизиција „тешка“ 15,3 милијарди долари.


Спонозорирани линкови

Маркетинг