Доналд Трамп предложи Снуп Дог да оди во затвор поради "атентат во музичкото видео"

Точка

15/03/2017

14:54

2.909

Големина на фонт

а а а

Доналд Трамп предложи дека Снуп Дог треба да биде уапсен за преправање дека го убива претседателот на Америка во својот музички спот.

"Можете ли да замислите што ќе беше доколку @SnoopDogg, со кариера во пропаѓање и сето тоа, се обидеше да пука во претседателот Обама? Затворска казна!" - напишал Трамп на својот Твитер профил.




Уметникот беше критикуван за пукање со играчка-пиштол кон лик кој го претставува Доналд Трамп во музичкото видео, а од пиштолот дури излегува и знаменце со зборот "BANG" на него.

Личниот адвокат на претседателот, Мајкл Коен, изјави за TMZ дека тој бил "шокиран" од видеото. "Тоа е сосема безобразно. Снуп му должи извинување на претседателот на САД", додал Коен. "Нема апсолутно ништо смешно во врска со обид за атентат врз претседателот и навистина сум шокиран од него, бидејќи мислев дека е подобар од ова!" ..



Сенаторот од Флорида, Марко Рубио претходно изјави: "Ако погрешен човек го гледа видеото и добие погрешна идеја, би можел да имаш вистински проблем. Снуп не смеел да го сними ова. Сме имале претседатели низ историјата на кои им биле извршени атентати, така што луѓето треба навистина да имаат осет за овие работи.."

На ова Снуп Дог изјавил за Billboard дека не барал никаква реакција од претседателот со видеото.

"Едноставно го вметнав во видеото бидејќи се почувствував дека нешто фали.. Секогаш кога ќе внесам нешто во моите песни или спотови, се обидувам да пополнам празнина. Гледам дека многу луѓе прават кул песнички, се забавуваат, но никој не го спомнува вистинскиот проблем околу овој f***ing кловн од претседател, и ср*њето со кое се справуваме.."

На ова, некои од корисниците на Твитер слатко се насмеаа:






Спонозорирани линкови

Маркетинг