Оваа вест ја замрзнала ЕУ: Турција размислува да пушти море од мигранти во Европа!

Точка

15/03/2017

11:17

4.078

Големина на фонт

а а а

Турскиот министер за прашања за ЕУ, Омер Челик, порачал дека дошло време Турција да го преиспита договорот за миграција кој го постигнала со тој блок, бидејќи, како што наведува, станало јасно дека Унијата нема да заземе праведен став кога станува збор за нејзиното ветување дека ќе им ги укине визите на Турците.

Тоа Челик доцна вчера го изјавил за Reuters, а исто така порачал дека холандските инвестиции во Турција не се загрозени со неодамнешниот дипломатски спор помеѓу двете земји.




Гневот на Анкара, објаснил турскиот министер, е насочен кон холандската влада, а не кон народот или компаниите. Иако потпретседателот на турската влада рекол дека Турција на Холандија би можела да и воведе и економски санкции, Челик истакнал дека Анкара ги повикува бизнисмените ширум светот дека Турција е безбедна земја за инвестиции.

"Тој повик се однесува на холандските бизнисмени кои инвестираат, работат и отвораат работни места во Турција. Тие дефинитивно не се дел од кризата", рекол Челик и прецизирал дека приватниот сектор, бизнис светот, туристите и холандскиот народ не се дел од новонастанатата криза.




Турција во понеделникот ги суспендирала дипломатските односи на високо ниво со Холандија, протерувајќи го амбасадорот од земјата и забранувајќи слетување на авиони со дипломати во знак на одмазда поради тоа што Холандија забранила министри од Анкара да им се обраќаат на Турците кои живеат таму, на собири по повод претстојниот турски референдум за проширување на претседателското овластување.

Холандија, Шведска, Австрија и Германија забраниле такви собири, повикувајќи се на причини поврзани со јавната безбедност. Досега ги дозволувале.


Спонозорирани линкови

Маркетинг