Ѓоковиќ успешен против Делпо, Федерер избори дуел со Надал

Макфакс

15/03/2017

10:14

1.261

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ го доби осминафиналното дерби против Хуан Мартин дел Потро на Мастерсот во Индијан Велс и избори меч со контроверзниот Австралиец Ник Киријос. Покрај Ѓоковиќ и Киријос оваа фаза ја минаа Федерер, Надал, Нишикори, Јанг, Јазири и Сок кој приреди изненадување со победата над Григор Димитров.

Ѓоковиќ, втор пат во две недели, успеа да го победи Дел Потро и да ја забележи 13-та победа во нивниот 17-ти меѓусебен дуел. Српскиот тенисер за речиси два и пол часа игра победи со 2.1 (7:5, 4:6, 6:1).

Благодарение на импресивниот бекхенд и ритерн Ѓоковиќ го надигра Аргентинецот, а во третиот сет потсети на своите најдобри изданија.

Победата против Дел Потро беше 300-та на турнирите од Мастерс сријата за српскиот играч. Исто така тој ја забележа 19-та последовна победа во Индијан Велс и на вечната листа го мина Роџер Федерер.

Ѓоковиќ во наредната рунда за противник ќе го има Австралиецот Ник Киријос кој во два сета (6:3, 6:4) го совлада Германецот Александар Зверев.



Дерби во наредната фаза ќе биде дуелот помеѓу Роџер Федерер и Рафаел Надал. Федерер се намачи во дуелот со Американецот Стив Џонсон и до победата стигна во два тај брејка, додека Надал со сигурна игра (6:3, 7:5) го победи сонародникот Фернандо Вердаско.

Џек Сок приреди изненадување со елиминацијата на Григор Димитров, кој го доби првиот сет со 6:3, но потоа Амерканецот одоговори со 6:3 во вториот и 7:6 во решавачкиот сет.

Победи во три сета на Мастерсот во Индијан Велс остварија и Тунижанецот Јазири, односно Американецот Јанг.


Спонозорирани линкови

Маркетинг