Италијанскиот „Ураган" им покажа на Германците „кој е кој“ на гостински терен...

Точка

14/03/2017

17:00

5103

Големина на фонт

а а а

Иако Lamborghini Huracan и во најосновната верзија е ѕвер од автомобил, Италијанците ова ремек дело со текот на годините го унапредуваат и го прават се подобар, односно побрз.

Најновото издание на Lamborghini Huracan доаѓа во прилично екстремната верзија наречена Performante - а во светот на брзината, најдобро можете да покажете дека во нешто сте најдобри на тркачката патека.


Huracan Performante не само што веќе се докажа, туку тоа што оствари за пет секунди подобро време на легендарниот Нирбургринг за многумина е вистинско чудо. Така, легендарната германска тркачка патека доби нов владетел, а на досегашниот „крал“ - Porsche 918 Spyder, Италијанците му ја одзедоа круната на домашен терен.


За да биде така брз, инжинерите од Lamborghini го унапредиле V10 моторот кој што сега развива 640 коњски сили. Покрај тоа, Huracan добил многу делови од јаглеородни влакна за да биде намалена неговата тежина, а резултатот е намалување на тежината за 40 килограми во однос на најлесниот Huracan кој што е некогаш произведен.


Секако, Huracan Performante доби и посебни аеродинамични решенија со цел да го собори рекордот на популарниот „Зелен пекол“, па сето тоа било доволно за да се постигне новиот рекорд на патеката од 6 минути и 52 секунди. Сега, конкуренцијата е на потег...



Спонозорирани линкови

Маркетинг