Нереална убавина: 5 работи поради кои никогаш нема да ја заборавите Португалија

Точка

14/03/2017

17:52

4.063

Големина на фонт

а а а

Историски споменици, галерии и музеи се наоѓаат на секој чекор, а Порто е преполн со места каде што ќе можете да уживате во одлична храна и добро вино (Порто).

Земјата на одличната храна и уште подоброто вино, но и земјата со илјада плажи, мали места и стари градови, би требало да се најде на листата на секој турист. Португалија нуди многу работи, а ние одвоивме пет од нив кои би требало да ги направите во западниот дел од Европа.

1. Посетете го Пиодао


Сместен во срцето на земјата, Пиодао е познат како едно од најживописните села во Португалија. Неговата архитектура и изгледот се уникатни и посебни со оглед на тоа што селото е основано одамна, па на него влијаеле различни културни влијанија. Ова место ќе ви даде малку поинаква слика за Португалија, а љубезните домаќини со задоволство ќе ве примат во овој средновековен рај на ридот.

2. Истражете ја палатата Пена


Палатата се наоѓа во градот Синтра, кој денес е всушност споен со Лисабон. На самиот врв од ридот се протега оваа прекрасна палата изградена на рушевини од манастир, а своевремено служела како летниковец за кралското семејство. Таа е целосно сочувана и обновена за посетителите, а секој кој ќе појде во Лисабон, треба да ја посети палатата Пена.

3. Отпатувајте на Азорските Острови


Овој архипелаг ужива автономија, а е сочинет од вкупно 9 острови. Поради вулканското потекло изгледа неверојатно, а има толку зеленила што ќе имате впечаток како да се пошле во Ирска. Тука можете да се занимавате речиси со сите форми на реакција: голф, нуркање, пливање, едрење или пешачење на долги рути... Исто така, во поголемите градови и ноќниот живот не е „за фрлање“.

4. Поминете неколку дена во Порто


Сите обично одат во Лисабон, но и вториот најголем град во земјата, Порто, нуди многу работи. Тој е еден од најстарите градови на стариот континент, а неговиот стар град е заштитен од страна на УНЕСКО. Историски споменици, галерии и музеи се наоѓаат на секој чекор, а Порто е преполн со места каде што ќе можете да уживате во одлична храна и добро вино (Порто).

5. Лисабон


И, секако, штета би било да појдете во Португалија, а да не го посетите Лисабон, метрополата и најголемиот град во оваа земја. Оние кои го посетиле се колнат дека станува збор за еден од најубавите градови во светот, скапоцен камен на архитектурата низ која поминуваат илјадници мали улички. Музеите, историските згради ги чекаат љубителите на уметноста, а оние кои сакаат добро да каснат и да се напијат, ќе побараат некој добар ресторан или бар.


Спонозорирани линкови

Маркетинг