Нема застанување! На EXIT стигнува нов ѕвезден бран со Years & Years и Lost Frequencies!

Точка

14/03/2017

14:40

398

Големина на фонт

а а а

Британската сензација Years & Years, која со брзина на светлината го освои светот во изминатите пар години, тукушто го потврди настапот на главната бина на EXIT фестивал во петок, 7-ми јули!

Ова лондонско трио светските медиуми едногласно го прогласија за еден од најдобрите нови бендови додека славниот „Ен-ем-и“ магазин ги нарече „најважниот поп бенд на 21-виот век“. Зад себе веќе имаат распродадени арени и настапи на најголемите светски фестивали, а до појавата на уште една од ѕвездите на Exit, Rag'n'Bone Man и неговиот албум „Human“, токму „Communion“ на Years & Years беше најбргу продаваниот деби албум на деценијата!


„Communion“ воедно беше и првопласираниот на британската листа на албуми, како и нивниот најпознат хит „King“, кој по продажбата таа година зад себе ги остави сингловите на Ријана, Ели Гулдинг и „Д Викенд“! На главната бина на Exit ќе ги слушаме нивните хитови „Shine“, „Desire“, „Take Shelter“, „Eyes Shut“ и „Worship“, како и новите песни кои ги пишуваат заедно со електро-поп иконите Pet Shop Boys. А на оваа бина, и тоа истата вечер кога настапува и Alan Walker, доаѓа уште еден мајстор за хитови, белгиската суперѕвезда Lost Frequencies! Неговите хитови „Are you with me“ и „Reality“ кои бројат стотици милиони „ЈуТјуб“ прегледувања, ги освоија повеќето европски топ листи. Откако ја воодушеви публиката на фестивалите ширум Европа, вклучувајќи го и Sea Dance фестивалот минатото лето, на овогодишниот EXIT доаѓа со уште неколку нови хитови меѓу кои се и „Beautiful Life“, како и новата верзија на култниот хит од 90-тите „What Is Love“!



Годинава ќе биде жестоко на главната бина бидејќи холандската „бејс“ суперѕвезда Noisia доаѓа со своето ново шоу во живо насловен како и аклтуелниот албум „Outer Edges“. Откако екипата на Бр.1 „бејс“ магазинот „Ју-Кеј-Еф“ премиерно го погледна ова шоу, во извештајот напиша дека е толку надреално добро, што после тоа веќе никогаш нема да ги измијат очите. А добро упатените во бејс журките на Exit, за овој аудио-визуелен спектакл на кратко ќе ви кажат: вежбајте кондиција! Покрај главната бина, се пополнува и „Фјужн“ бината, која покрај култните панкери The Damned, годинава ќе ја посети и една принцеза, но не од бајките, туку од њујоршкото гето! Директно од шпанскиот Харлем на тврдината стигнува хип-хоп тандемот Princess Nokia чиј хит „Kitana“ денес е неизбежен на сите журки кои држат до себе! Овој проект го сочинуваат Дестини Ортиз, раперката чии вештини дојдоа до израз кога нејзиниот звук го презеде Крис Лер, познат по продукцијата за Азалиа Бенкс.



EXIT веќе ја надмина минатогодишната продажба на влезници!

Иако до фестивалот остануваат уште скоро четири месеци, минатогодишната рекордна продажба на влезници за EXIT е веќе надмината во споредба со онаа во средината на април минатата година! Влезниците за EXIT фестивал по промотивна цена од 3.580 денари, се продаваат преку МКтикетс и во Југотон (Скопје, ГТЦ, 1 кат). EXIT тимот годинава поврзува дури четири фестивали во регионот во единственото EXIT Лето на љубовта 2017. Прв во низата е Sea Star, кој на 26-ти и 27-ми мај ќе се одржи во градот Умаг, следен е Revolution фестивалот во Темишвар на 2-ри и 3-ти јуни, а веднаш по EXIT фестивал, од 6-ти до 9-ти јули, следува четвртото издание на Sea Dance фестивал од 13-ти до 15-ти јули!




Спонозорирани линкови

Маркетинг