Косовската влада наесен отвора постапка за формирање на Армија

Макфакс

14/03/2017

14:13

463

Големина на фонт

а а а

Владата на Косово има план за унапредување на статусот на безбедносните во вооружени сили, и се очекува наесен да биде покрената процедура за промена на Уставот, пренесува приштинскиот весник Koha ditore.

Таквиот план би бил во спротивност на иницијативата на претседателот на Косово, Хашим Тачи, со која со едноставна промена во законот безбедносните сили се преименуваат во армија на Косово.

“Владата е решена преку соодветни измени на уставот да ги трансформира БСК “, наведува весникот, додавајќи дека Владата во петокот минатата недела усвоила документ со кој во третиот квартал од оваа година, до Собранието ќе го испрати уставниот амандман за формирање на вооружените сили.

За четвртиот квартал од оваа година, косовската Влада предвидува измени во законите кои се однесуваат на БСК.

Тачи минатата недела изјави дека иницирал промени во законот за БСК, со кои тие прераснуваат во армија, но неговата иницијатива, беше пречекана со неодобрување од властите во Белград и меѓународната заедница.

За иницијативата Тачи со писмо го информираше генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во кое се наведуваше дека трансформацијата на Косовските безбедносни сили е непоходен чекор и правото на независно Косово.

Сепак неименувани извори за Koha ditore изјавиле дека меѓународните претставници бараат прашањето за формирањето на Армијата на Косово да се одложи за шест месеци.


Спонозорирани линкови

Маркетинг